

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој присуствуваше на завршната вежба на новоселектираните полициски службеници рече дека прикажаните резултати се „потврда за квалитетот на селекцискиот и обучувачкиот процес, како и за континуираните напори на МВР да се создаде стручен, дисциплиниран и мотивиран полициски кадар подготвен да одговори на сите безбедносни предизвици“.
Селектираните кандидати по завршената шестмесечна обука ќе станат дел од оваа елитна и високо специјализирана единица на Министерството за внатрешни работи.

