Вести Економија Македонија

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење камен браојот на работници се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.3 %,

Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самостојната изложба на Данчо Ордев насловен „Трансформирана меморија“ вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе