Кошарка Спорт

МЗТ и Пелистер вечерва решаваат кој ќе игра за титулата

Маџари вчера приреди вистинско изненадување и се пласираше во големото финале од плеј-офот во домашниот кошаркарски шампионат. Дебитантот во елитата го елиминираше ТФТ Скопје со 2-0 во серијата и денеска ќе го дознае својот ривал во битката за титулата. Актуелниот бранител на трофејот, МЗТ Скопје, го пречекува Пелистер во решавачкиот трет натпревар од полуфиналето.

По првите два натпревари, МЗТ Скопје и Пелистер се израмнети на 1-1 во победи. На првата пресметка во „Јане Сандански“, скопјани славеа со 80-75, а битолчани возвратија на домашен терен со идентична разлика и сличен резултат, победувајќи со 81-76.

Евентуален триумф вечерва ќе го однесе МЗТ во 13-то финале по ред во домашниот шампионат. Во изминатите 13 сезони, „аеродромци“ загубија само едно финале, и тоа во сезоната 2017/18 од Работнички, а без финале останаа единствено во 2019/20, кога првенството беше прекинато предвреме поради ковид-пандемијата.

Пелистер, пак, го брка четвртото финале во својата историја, откако претходно три сезони по ред губеше токму од МЗТ Скопје во финалните серии, од 2022 до 2024 година.

Сезонава меѓусебниот скор е на страна на актуелниот шампион, кој двапати славеше во регуларниот дел, но Пелистер има и една значајна победа во Скопје, во рамки на Топ 6 фазата, со 85-74.

Натпреварот вечерва во салата „Јане Сандански“ почнува во 19 часот.

(Фотографијата е направена со помош на вештачка интелегенција)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка продолжува меѓу најдобрите осум

Sportska Redakcija

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе