Гоце Георгиевски потпиша продолжување на договорот со Вардар на уште една сезона, по што ќе и стави крај на својата играчка кариера.
Десното крило пристигна во редовите на „црвено-црните“ во 2020 година и веднаш се наметна како незаменлив дел од тимот.
Имаше интернационална кариера во тимовите на Тулуз во Франција и Букурешт во Романија, а својата играчка кариера ја почна во редовите на Металург.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
