Вести Свет

„Тивка дипломатија“ во позадина – преговорите меѓу САД и Иран за крај на војната во клучна фаза

Преговорите меѓу САД и Иран за крај на војната на Блискиот Исток влегуваат во клучна фаза. Портпаролот на иранското МНР порача дека раководството на земјата е единствено и фокусирано на трајно решение, Трамп, пак, тврди дека е расцепкано и оти на Техеран му преостанале многу малку работи. Порача дека во секој момент очекува одговор од Иран за најновиот предлог на Вашингтон.

„Ќе видиме што ќе се случи. Видете, немаат војска. Не им остана многу. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Примирјето меѓу САД и Иран се уште е на сила додека во позадина работи т.н. „тивка дипломатија“. Светот, пак, е во исчекување на конкретни резултати за крај на тензиите на Блискиот Исток кои продуцираа и глобална криза.

„Во сегашните околности, нашиот фокус е на она што е важно за нас самите, како и за регионот и меѓународната заедница, а тоа е ставање крај на наметнатата војна. Нашиот предлог предвидува дека, без разлика дали врз основа на или по прекинот на огнот, наметнатата војна мора да заврши на сите фронтови“, порача Есмаил Багеи, портпарол на иранското МНР

Државниот секретар го предупреди Иран да не гаѓа американски поморски средства. На Техеран му порача дека црвената линија е јасна и оти САД ќе возвратат на секој напад.

„Ако пукате во брод на американската морнарица, што треба да правиме, да речеме „ох, има прекин на огнот, нема да го собориме вашиот дрон“. Тоа е глупаво прашање. Тоа е глупава позиција. Секако дека возвративме кон нив. Тие пукаа кон нас. Тоа е она што би очекувал да го направите. Само глупавите земји не возвраќаат кога ќе ве пукаат. А ние не сме глупава земја“, истакна Марко Рубио, државен секретар на САД.

Во ек на т.н. „тивка дипломатија“, Иран продолжува со контрола на Ормускиот Теснец, а САД со блокада на иранските пристаништа, како алатка за притисок врз Техеран да ги прифати условите на Вашингон. Поморска рута е стратешки важна и низ неа минуваат околу 20 отсто од светската нафта и течен природен гас. Неговата блокада доведе со драстичен скок на цената на енергенсите. Трамп минатата недела почна за набрзо потоа да ја запре американската воена операција за ослободување на околу 2.000 пловни објекти кои се „заробени“ во Теснецот од февруари.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе