Вести Најважни Свет

Москва ќе го почитува прекинот на огнот, Зеленски повика странски претставници да не присуствуваат на парадата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Во своето видеообраќање, Зеленски изјави дека Украина добила прашања од држави блиски до Русија во врска со патувањата во Москва, при што тие соопштиле дека нивни официјални претставници планираат да присуствуваат на свеченостите. Украинскиот лидер оцени дека желбата на странските претставници да присуствуваат на прославите во ваков момент е „чудна“.

Ние не го препорачуваме тоа – рече Зеленски.

Традиционалните прослави на 9 мај во Москва вклучуваат воена парада на Црвениот плоштад. Рускиот претседател Владимир Путин прогласи прекин на огнот за време на одбележувањето, но Зеленски изрази сомнеж во врска со тој потег.

Тие бараат дозвола од Украина да ја одржат својата парада, за безбедно да излезат на плоштадот еден час во годината – изјави украинскиот претседател, додавајќи дека Русија потоа сака повторно да продолжи со војната и со нападите врз Украина.

Москва претходно денеска потврди дека ќе го почитува прекинот на огнот и соопшти дека руските сили ќе ги прекинат воените операции од полноќ до 10 мај, согласно едностраната наредба на Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе