Вести Македонија Топ вести

Кривични пријави за родителите на малолетниците кои го малтретираа девојчето во Ѓорче Петров – ќе одговораат за запуштање и малтретирање дете

Полицијата поднесе кривични против родителите чии деца тепаа и малтретираа малолетно девојче во Ѓорче Петров.

Тие ќе одговораат за запуштање и малтретирање на деца. Поднесени се шест кривични пријави.

„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров“, соопштија од полицијата.

Во текот на вчерашниот ден за насилство беа поднесени пријави и против 4 малолелетнички ( три на возраст од 14 години и една на 17 годшина возраст).

Педагошки мерки за насилничките, жртвата следи настава од дома – МВР со кривични пријави за малолетничките кои нападнаа 13-годишно девојче во Ѓ. Петров

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе