Вести Македонија Топ вести

Неуспешен обид за дебата меѓу двајцата кандидати за ректор на УКИМ – сегашната ректорка Ангелова не дојде

Наместо најавената јавна дебата меѓу кандидатите за ректор на УКИМ, се одржа самопрезентација, откако актуелната ректорка Биљана Ангелова не учествуваше на настанот. Од Независниот академски синдикат, кои беа организатори, информираат дека поканите биле испратени до двајцата кандидати, но Ангелова ја одбила поканата бидејќи била надвор од градот.

„Ректорката кажа дека е зафатена и дека е во Охрид, па не може да дојде. Понудивме да ја одложиме дебатата или да се вклучи онлајн, но тоа не беше прифатено.“ – изјави д-р Виктор Стефов, професор на природно-математичкиот факултет – институтот за хемија.

Поради тоа, единствено се претстави кандидатот Дарко Данев, професор на Машинскиот факултет. Тој ја презентираше својата програма, која се темели на пет столба – транспарентност, отчетност, дигитализација и поголема интеграција меѓу факултетите.

„Генерално е многу важно да станеме препознатливи и во државата и надвор од неа. Но, за тоа да се случи мора да направиме една малку посериозна интеграција. Тоа значи прво ние да се запознаеме меѓу себе. Имаме многу лаборатории на факултетите, а никој не е добро запознаен на кој факултет што има“ – вели кандидатот за ректор на УКИМ, д-р Дарко Данев.

Актуелната ректорка Ангелова претходно изјави дека бара нов мандат, повикувајќи се на досегашните резултати и најавувајќи континуитет, одговорност и одржливост на започнатите процеси.

Изборите за ректор на УКИМ ќе се одржат во вторник, кога ќе се избира првиот човек на универзитетот за наредниот тригодишен мандат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе