Вести Свет Топ вести

САД ја поканија Русија за учество на Самитот на Г20 во Мајами во декември

Соединетите Американски Држави ја поканија Русија на Самитот на Г20 што ќе се одржи во Мајами на 14 и 15  декември.

„Постои покана за учество на највисоко ниво“, потврди заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин.

Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан.

Самитот на Г20 претставува годишен собир на лидерите на развиените економии и економиите во развој, на кој се дискутира за најитните глобални предизвици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе