Соединетите Американски Држави ја поканија Русија на Самитот на Г20 што ќе се одржи во Мајами на 14 и 15 декември.
„Постои покана за учество на највисоко ниво“, потврди заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин.
Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан.
Самитот на Г20 претставува годишен собир на лидерите на развиените економии и економиите во развој, на кој се дискутира за најитните глобални предизвици.
