Uncategorized Вести Македонија Топ вести

По втор пат се одложува судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука

По втор пат се одложи судењето за Харис Качапор обвинет дека на пешачки смртно го прегази поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука.

Од вчера тој ангажирал нова адвокатка бидејќи претходниот адвокат две дена пред стартот на судењето се откажал од тоа да го застапува. Сега новата адвокатка бара време да се запознае со доказите па да почне со одбрана. Обвинителката негодуваше поради ваквото одолговлекување на стартот на судењето.

„ И мојот впечаток и впечатокот на обвинителството, се надевам дека и вашиот впечаток е дека се оди беспотребно кон одолговлекување на судската постапка. Верувам и се надевам дека во одбраната дека  понатаму нема да имаме вакви непотребни одолговлекување бидејќи како што кажав и во самата судница ние уште од самиот почеток на оваа јавна распрва сите докази врз кои што го темелиме обвинението се предадени па се надевам  дека до наредната главна расправа ќе имаат време да ја подготват одбраната “ , изјави обвинителката Елена Жукола.

Судијката го опомена обвинетиот дека целосното негово однесување ќе го земе пред вид кога ќе ја носи одлуката на крај и тоа би можеле да бидат отежителни или олеснителни околности. Предупреди дека на следното рочиште ќе го започне процесот бидејќи веќе се искористени сите можности за одложување. Адвокатот кој го застапува семејството Ќука очекува правична постапка.

„Судијата Алексова е писмен и вреден судија и јас се надевам, како што и самата најави, дека нема да дозволи понатамошни одлагања од овој тип и карактер. Очекувам постапката да започне во нормален тек но ние не можеме да прејудицираме каква ќе биде одлуката на обвинетиот на следното рочиште. Ако признае вина, постапката тука ќе зварши но ако не признае вина ќе не чека малку подолготрајна постапка“, рече адвокатот Јанаки Митровски.

Инаку Качапор одговара за тешки дела во сообраќајот за кое предвидена е казна од најмалку 4 до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3-ти ноември на булеварот Гоце Делчев. Според обвинението пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки возел 53 км/час. Со предниот дел од возилото удрил во велосипедот па од ударот Ќука се здобил со тешки телесни повреди и починал на место.

Во обвинението стои дека е претходно осудуван. Тој во предметот Синџир за делата злосторничко здружување даночно затајување и перење пари се спогоди со обвинителството и доби условна казна.

По сообраќајката, го оставил возилото и отишол на лекар, а Мвр тогаш соопшти дека е приведен после три и пол часа од сообраќајката. Иако не беше на лице место, тоа што бил пронајден во болница беше образложение дека не избегал од несреќата. За него има само мерки на претпазливост.

Јорго Ќука на јавноста и е познат како прв човек на поранешниот гигант во хемиската индустрија ОХИС на чие чело беше повеќе од две децении.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе