Повторно на маса седнуваат синдикатите, работодавачите и од Владата. Според информации на Телма утре во 12 часот во Владата повторно ќе се одржи економски социјален совет. Овој пат не е планирано да се дискутира за минимална плата и за цените.
Меѓу точките кои ќе бидат отворени за диксусија, се Оперативниот план за вработување, законот за бенефициоран стаж, законот за младински додаток. Сепак, се отвара простор и не се исклчува можноста списокот на теми да биде надополнет на самиот состанок, односно да се отворат и темите за цени, мерки и минималната плата за која од ССМ првично бараа да биде 500 евра, а сега веќе и 600 евра, но и да се покачат другите плати.
На последната ваква средба, ССМ одлучи да го напушти состанокот со образложение дека тие како синдикат не сакаат да учествуваат и да гласаат за зголемување на минимална плата од 1. 600 денари.
