Вести Економија Топ вести

По речиси два месеци, нова средба на ССМ со Владата и работодавачите

Повторно на маса седнуваат синдикатите, работодавачите и од Владата. Според информации на Телма утре во 12 часот во Владата повторно ќе се одржи економски социјален совет.  Овој пат не е планирано да се дискутира за минимална плата и за цените.

Меѓу точките кои ќе бидат отворени за диксусија, се Оперативниот план за вработување, законот за бенефициоран стаж, законот за младински додаток. Сепак, се отвара простор и не се исклчува можноста списокот на теми да биде надополнет на самиот состанок, односно да се отворат и темите за цени, мерки и минималната плата за која  од ССМ првично бараа да биде 500 евра, а сега веќе и 600 евра,  но и да се покачат  другите плати.

На последната ваква средба, ССМ одлучи да го напушти состанокот со образложение дека тие како синдикат не сакаат да учествуваат и да гласаат за зголемување на минимална плата од 1. 600 денари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе