Вести Македонија Најважни

„Злато си, честам ручек!“ рекла поранешната антикорупционерка Димитровска откако ревизорот Столевски ѝ го положил испитот за тајност

Ги слушаа пораките кои си ги разменувале и негираа вртејќи со главите. Вака помина денешното рочиште на кое обвинителството го читаше разговорот за тоа како ревизорот Миле Столевски полагал испит за тајност во име на екс претседателката на антикорупциска, а сега ревизор Татјана Димитровска.

Пораките откриваат како се договарале таа да добие сертификат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци кога станала дел од Антикорупциската комисија. Откако му ги дала корисничкото име и лозинката му ветува дека ќе части ручек, па прашувала како му оди по што тој ја известува дека и положил.

Миле Столевски: Ќе полагам сега.

Татјана Димитровска: Aј со среќа.

Миле Столевски: Фала.

Татјана Димитровска: Kако ти оди?

Миле Столевски: Само што завршив со курсот сега ќе полагам.

Миле Столевски: Aј честито, положи.

 Татјана Димитровска: Aј нека ни е, злато си.

Последната порака која ја добива Димитровска од Столевски е ПДФ документ кој е всушност електронски издаден сертификат од Дирекција за безбедност на класифицирани информации на име на Татјана Димитровска од ДКСК.

Димитровска е обвинета за две кривични дела, за фалсификат за сертификатот и дека оддала службена тајна на екс директорот на Тец Неготино, Небојша Стојановиќ обвинет во Адитив. За исто дело е обвинета и вработена во Тец Неготино Билјана Мантева Петрова.

И од нејзиниoт телефон се читаа пораки во кои таа на директорот му кажува дека е стигнато известување од БЈБ по наредба на Обвинителство за организиран криминал, а и фотографија од име и телефонски број на инспекторката од мвр запишан на истиот документ. Се работи за предистрагата за набавка на мазут од фирмата на Ратко Капушевски РКМ која ја водело обвинителството а за која тврди дека не смеела да биде откриена на директорот.

Во телефоните имало уште пораки но не беа читани бидејќи се работи за личен и приватен одснос и не се однесувале на делото. Пораките кои Димитровска ги испраќала исто така на Стојановиќ ќе бидат читани на следното рочиште. Тој е обвинет во случајот Адитив за сомнителни набавки на адитиви.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе