Вести Економија Свет

ЕК подготвува мерки за намалување на потрошувачката на гориво

Европската комисија не очекува масовно откажување на летови во наредниот период и смирува дека досега откажаните летови се на линии кои и пред војната на Блискиот исток и растот на цената на нафтата на светските берзи, не биле доволно профитабилни.

Еврокомесарот за транспорт Апостолос Цицикостас по денешниот неформален состанок на министрите за транспорт за земјите членки, инсистираше дека во Европа нема недостаток на авио гориво.

Сепак, комисијата подготвила и утре ќе го претстави пакетот мерки и препораки за зголемување на ефикасноста на сите видови транспорт и намалување на потрошувачката на гориво.

Морам да појаснам една работа, досега линиите или летовите кои беа откажани, не беа откажани поради недостаток на гориво, беа откажани поради високите цени на авио горивото. Како што знаете уште од почетокот на кризата на Блискиот исток цените на горивото пораснаа повеќе од двојно, и тоа натера многу компании да намалат или да укинат дел од линиите кои немаа финансиска смисла. Линии кои беа на работ на профитабилноста сега веќе не се профитабилни. Затоа, откажувањето на летовите нема никаква врска со наводниот недостаток на авио гориво, туку тие се директно поврзани со цената. До денеска немаме никакви индикации дека во следните недели или месеци ќе има голем број откажувања на летови, изјави Цицикостас.

Помеѓу 50-на препораки кои ЕК ги предлага е работење од дома еден ден во неделата, во сектори каде тоа е возможно, понатаму поголемо користрење на јавниот превоз или возење велосипед, па се до ограничување на температурата за климатизирање на јавни простории па дури и затворање на институции чија работа не е од критичен карактер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе