Американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонско интервју за Блумберг изјави дека смета дека прекинот на огнот со Иран ќе „заврши до среда навечер “, но дека е „многу малку веројатно“ дека ќе го продолжи доколку не се постигне договор.
„Многу е малку веројатно дека би го продолжил“, изјави Трамп за прекинот на огнот кој стапи на сила вечерта на 7-ми април, додавајќи дека тој не чувствува никаков притисок да склучи лош договор. „Го имаме целото време на светот“ – додава Трамп во интервјуто.
На прашањето дали очекува борбите веднаш да продолжат ако не се постигне договор, Трамп одговори: „Ако нема договор, сигурно би очекувал.“
Подоцна, веќе вообичаено, Трамп во серија долги објави на својата социјална мрежа Truth Social повторно испрати веќе позната мешавина од пофалби на своја сметка и триумфализам, закани и осуди за политичките противници од Демократската партија, но не и јасен сигнал дали воопшто ќе продолжат преговорите меѓу САД и Иран во Пакистан.
Трамп потоа во серија долги објави на својата социјална мрежа Truth Social повторно испрати веќе позната мешавина од пофалби на своја сметка и триумфализам, закани и осуди за политичките противници од Демократската партија но и за медиумите кои критички ја анализираат работата на неговата администрација, но не и јасен сигнал дали воопшто ќе продолжат преговорите меѓу САД и Иран во Пакистан.
Последните информации се дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, утре ќе замине за Пакистан, земјата која се обидува да посредува за завршување на американско-израелската војната против Иран.
Од Техеран нема официјална потврда дека ќе учествуваат на преговорите со САД, но има повеќе изјави за сомнеж во вистинските намери на американците.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека неговата земја има „длабока историска недоверба“ кон американската влада и ги критикуваше, како што рече, „неконструктивните и контрадикторни сигнали“ од американските официјални лица. Тој додаде дека „Иранците не се покоруваат на сила.“
