Uncategorized Вести Македонија Најважни

Парите во ѕид се на Ѓоко Ристов, докажано е со ДНК вештачење, тврди обвинителството

На алуминијумската фолија во која биле сокриени 350 илјади евра и заѕидани во ѕид во родната куќа во Неготино, имало траги од ДНК на сега обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на брифинг со новинарите.  Од Обвинителството велат дека, Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот како и за перење пари. За поткуп немало докази, а не е утврдено и како точно се заработени, но во просторијата каде се најдени заѕиданите пари најдени се и посредни докази кои ја покажуваат врската на судијата со парите. Во куќата на Ристови во Неготино имало и ливчиња со броеви на предмети во кои бил инволвиран Ристов, а од обвинителството велат дека Ристов имал комуникации и разговори со лица за кои одлучувал.

„Во текот на истрагата обезбедивме непобијни докази дека токму обвинетиот Ѓоко Ристов е оној кои ги криел парите кои се противправно стекнат имот. Го утврдивме со вештачење на биолошки траги. Не тврдиме ниту со обвинението дека  обвинетиот примил поткуп, меѓутоа можеме да тврдиме дека и во минатот имал многу практики и имаме докази за тоа кои упатуваат на трговија со влијание и коруптивни практики“  рече  Искра Хаџи-Василева, обвинител во ОЈОГОКК.

Обвинителката Хаџи Василева рече дека обвинителството продолжува со проверка на сомнежи за други кривични дела поврзани со обвинетиот судија, но досега не нашле кривична поврзаност на Ристов со други судии и со негови блиски. Случајот е отворен преку предметот со адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој се спогоди со обвинителството и потврди дека од клиентот, бегалец од правдата Љупчо Пецов Ѓаволот барал и добил 50 илјади евра за да му среди укинување на мерка притвор преку апелационен судија. И бегалецот Пецов, телефонски го пријавил Ристов дека му барал пари за подобри, во наводници, правни одлуки. Обвинителството нема да ги повика ниту Стафа ниту Ѓаволот како сведоци бидејќи смета дека има доволно докази да се потврдат двете дела на суд. Мора да има ефикасна борба против корупција и мора да се охрабрат сите да пријавуваат за да стигне пораката и до оние на позиции кои бараат и земаат, вели обвинителката.

„Би требало да значи дека ние се обидуваме и даваме се од себе да застанеме на патот на корупцијата која навистина добива системски размери. Тоа е нотирано во повеќе извештаи и сме сведоци на тоа и да ги охрабриме да го пријавуваат овој тип на криминалитет кој е тежок за обезбедување докази но мислам дека сите треба малку да придонесеме кон оваа битка ако сакаме да живееме во подобро опшетство“, рече  Искра Хаџи-Василева, обвинител  во ОЈОГОКК

Од обвинителството тврдат дека и во предистрагата и по првичниот исказ на обвинетиот Ристов се проверени наводите дека парите се добиени од продажба на нива, при што нема никакви докази за таква трансакција.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе