Речиси илјада денари повеќе му се потребни на едно семејство за да ги купи продуктите и да ги задоволи потребите кои се предвидени во минималната синдикална кошничка. ССМ пресмета кошничката во април тежи 68 797 денари за разлика од мартовската која изнесуваше 67 818 денари. Според синдикалните пресметки кошничката скока за уште 250 евра доколку семејството живее во изнајмен стан и плаќа режиски трошоци и тогаш изнесува 84 илјади денари.
Од овој месец минималната плата изнесува 26 илјади денари што значи дека на семејство со две минимални плати им недостасуваат 16 илјади денари за да може да ги задоволат елементарните потреби во текот на еден месец. Крај со крај може да врзат само доколку еден член во семејството прима просечна плата која според статистика изнесува 46 илјади денари. Доколку живеат под кирија, дупката во основните Буџет е двојно поголема и изнесува 32 илјади денари. Граѓаните се поделени, некои забележале поскапување на производите, некои сметаат дека цените се уште се исти.
Ако се погледнат ставките кои се наведени во минималната кошничка најголем повеќе од една третина од парите одат токму за храна и пијалаци – 26 илјади денари или една минимална плата. Втора најголема ставка е образованието со 10,5 проценти или 7.192 денари а потоа се режиските трошоци за домување со 6.300 денари или 9,2 проценти и облека и обувки за кои според ССМ во месецот може да се потрошат 6.100 денари.
Извештајот на пазарната инспекција покажа минимални зголемувања на цените, а од Владата прецизираа дека станува збор зголемување помало од еден процент од февруари до април. Анализирани биле цените на 554 производи во четири големи ланци на маркети, а најголемо зголемување од над 10 проценти имало кај зеленчукот и јајцата. Најава за мерки нема, а од Владата очекуваат дека нема да има скок на инфлацијата заради повисоките цени на горивата.
Според ССМ, од почетокот на годинава минималната синдикална кошничка поскапела за 3.00 денари.
Огнен Чанчаревиќ
