Тој беше фатен со мито од 10.000 евра во мај 2024 година, а по неколку месеци се спогоди со Обвинителството и беше осуден на 3 години затвор. Но по уважените жалби од страна на Апелација и од Кривичниот суд, казната му се намалува за речиси 10 месеци
Од Основниот кривичен суд велат дека „по исполнување на законските услови, до овој суд, како надлежен, поднесено е барање за условен отпуст. Судот одлучувајќи по истото, го прифати и определи осудениот условно да се отпушти од издржување на казна затвор на 20.09.2026 година, односно 8 месеци пред истекот на казната“.
Во Основниот кривичен суд во 2026-та година, во одделот за кривично полнолетни, примени се 69 барања за условен отпуст, од кои 43 се уважени, а дел се повчечени од осудените, а во Одделот за организиран криминал и корупција поднесени се 76 барања, а уважени се 40.
Врховниот судија Наќе Георгиев бара да се спогоди за ефективна казна затвор
