Вести Македонија Топ вести

СДСМ бараат референдум – градоначалникот од нивните редови со поддршка за рудникот

Спротивно на партискиот став дека граѓаните на референдум мора да одлучат дали ќе се рестартира рудникот за антимон во близина на селото Луке, градоначалникот на Крива Паланка нема ништо против оваа инвестиција. Напротив, смета дека е добра за градот и најави дека сите дилеми околу можните последици за животната средина и здравјето на населението, ќе бидат ставени на маса со инвеститорот.

Премиерот, пак, денеска изјави дека лично ќе гарантира дека рудникот за антимон нема да ја загрози животната средина.

Мицкоски рече и дека, правото секој да побара референдум е уставно загарантирано и не е спорно, но мора да бидат исполнети услови за негово свикување.

Референдум на локално ниво може да распише советот на општината, по сопствена иницијатива и на предлог од најмалку 20% од граѓаните од општината.

Социјалдемократите, кои побараа референдум, ќе почекаат со собирање на потписи.

Концесија за истражување и експлоатација на антимон во реонот на селото Луке има австралиската компанија за рударство на критични и скапоцени метали „Пела Глобал“ (Pela Global), чиј основач и извршен директор е Ник Јовановски, по потекло од Македонија. Тие потпишаа договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари со  институцијата за финансирање на развој на американската влада (DFC). Антимонот кој ќе се ископува во Македонија, ќе се продава во САД.

Рудникот  Крстов Дол беше затворен во 1981 година, поради тогашните ниски цени на оваа руда.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе