Бизнис објектив Вести Економија Топ вести

Осигурителниот сектор во постојан раст – Граѓаните и фирмите лани уплатиле над 290 милион евра за осигурување по различни основи

Осигурителниот сектор е во постојан раст. Лани се склучени полиси за осигурување во вкупна вредност од 290 милиони евра, што претставува раст од над 12 проценти на годишно ниво. За таквиот раст лани придонеле големите инфраструктурни проекти на државата, но и зголемениот интерес за приватно здравствено осигурување. Но, и покрај тоа, осигурителниот пазар во земјава е помалку развиен не само споредено со ЕУ, туку заостанува дури и во однос на регионот.

Граѓаните и фирмите лани уплатиле над 290 милион евра за осигурување по различни основи. Податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување покажуваат дека за животно осигурување се уплатиле само 52 милиони евра, додека далеку поголем е уделот во сегментот неживот, каде што вкупниот износ на полисите изнесува речиси 240 милиони евра.

  • „Двата главни параметри, односно учеството на полисираната премија којашто ја собираат осигурителните компании во однос на БДП е на еден од најниските нивоа. Односно, 1,72% од БДП учествуваат полисите за осигурување. Исто така, степенот на густина изнесува 9.800 денари по глава на жител. Тоа значи дека некаде околу 160 евра одвојува секој еден жител на Македонија во осигурителни производи. Тоа е на најнисо ниво и во регионот и во Европа“, вели Зоран Стојановски, извршен член на Одбор на директори на „Граве осигурување“.
  • „Доколку ги третираме бројките на развој на осигурувањето на живот споредено со вкупно бруто полисираната премија на пазарот на осигурување може да видиме дека 2025 година осигурувањето за живот учествува со 17,8 проценти во вкупната премија за осигурување. Она што би потенцирал е дека низ годините наназад или ако анализираме 10 години наназад тој процент се движи помеѓу 16 и 18%, а она што е по сите информации или податоци што се објавуваат на европско ниво или европскиот регулатор што ги објавува помеѓу 45 и 50% се движи учеството на осигурувањето на живот во вкупната премија за осигурување“, вели Бобан Томески, генерален директор на „Кроација осигурување – живот“.

Трендот на раст продолжува и годинава, а кога станува збор за неживотното осигурување, најголемиот удел на пазарот традиционално отпаѓа на полисите за автоодговорност.

Најновите податоци за февруари годинава покажуваат дека вредноста на овие полиси изнесува скоро 7,9 милиони евра, што е 42,5 проценти од вкупните уплати за осигурување во тој месец.

При тоа, задолжителното осигурување за автоодговорност изнесува 5,9 милиони евра, за зелен картон се уплатени 1,7 милиони евра.

  • „Задолжителното осигурување има тренд на раст и тој тренд е поткрепен од новите состојби во сообраќајот, од ‘сејф сити’. ‘Сејф сити’ навистина позитивно влијаеше на намалување на бројот на неосигурани возила. И токму заради тоа гледаме пораст во тој сегмент. Ова е многу позитивно движење и нè придвижува кон развиените земји, каде што процентот на неосигурани возила е навистина минимален или практично не постои“, вели Марија Томеска, претседателка на УО на „Еуролинк осигурување“.

Според осигурителите, покрај потребата од поголема финансиска писменост не само на граѓаните, туку и на бизнисмените, уште едно поле на коешто мора да се работи е и дигиталната писменост, бидејќи иако нудат многу дигитализирани услуги, сепак тие не се користат доволно.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе