Полицајците обвинети во трите предмети за Пулс Кочани, го тужеа МВР бидејќи повеќе од една година ги води дека не се вработени, туку работните места им се во мирување поради притвор или други судски мерки.
Но, тие судски мерки се укинати, а полицајците остануваат без социјални и здравствени права.
Поради тоа, досега тројца полицајци поднеле и кривични пријави протоив колегите од МВР, открива КОД. МВР пак тврди дека тие не се избркани и постапката е законска.
Во КОД вечерва и приказната за жителите на Здуње кои живеат покрај езерото Козјак, но многу често немаат вода на чешмите поради изградба на нови населби со викендички.
КОД потсетува дека државата се уште држи замрзнати 4 милиони евра, пари од Венецуела кои се под сомнеж за перење.
Репортажа од архивата на КОД за тоа како Будимпешта го прими бегалецот Никол Груевски во 2018-та.
Емисијата вечерва во 19:15 на Телма
