Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД воведат поморска блокада врз Иран.
- „Невозможно е другите да поминат низ Ормускиот теснец, додека ние не можеме“, рече тој во коментарите објавени на неговиот Телеграм канал доцна во саботата.
Калибаф, кој е главен преговарач на Иран со САД, рече дека теснецот сега е под контрола на Иран, поврзувајќи го повторното отворање на преминот со укинувањето на блокадата од страна на САД.
- „Ако САД не ја укинат блокадата, сообраќајот во Ормускиот теснец дефинитивно ќе биде ограничен“, рече тој.
Тој рече дека прекинот на огнот бил на работ на пропаѓање кога САД се обиделе да го исчистат теснецот од мини.
Тој додаде дека Иран го сметал обидот на САД за кршење на прекинот на огнот. „Ситуацијата ескалираше до точка на конфликт, но непријателот се повлече“, рече тој.
Калибаф се осврна на повеќе теми поврзани со војната, вклучувајќи ја и последната рунда преговори меѓу Иран и САД претходно овој месец во Исламабад, кои не успеаја да доведат до договор.
Б.С.
