Вести Македонија Најважни

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

„Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша“, се вели во денешното соопштение на опозициската СДСМ.

Според нив сега истата тактика ја применуваат и во Македонија.

  • Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции. „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“.  Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими. Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче, велат од партијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе