„Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша“, се вели во денешното соопштение на опозициската СДСМ.
Според нив сега истата тактика ја применуваат и во Македонија.
- Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции. „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“. Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими. Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче, велат од партијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
