Вести Македонија

Обвинение против судијата Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра во созидан бункер зад плочки

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.

Случајот почна да се расплетува откако обвинителството „ин флагранти“ фати адвокат и екс државен обвинител како прима мито од 20 000 евра- прва рата од побараните 100 000 евра, а со кој требало да се влијае врз судија во Апелација да го укине притворот на лице по кое се трага. Адвокатот призна вина по што Основниот кривичен суд Скопје вчера го осуди на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. 

Иако парите не стигнаа директно до судијата пари  обвинителството продолжи со истрагата  по што на 18 јануари 2026 година  во домот на родителите на судијата откри вкупно 350.000 евра за чие потекло нема доказ и не ги пријавил. 

„Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите“ соопштија од Обвинителството.

Според истрагата, постои основано сомнение дека судијата Ристов од февруари 2020 година, спротивно на законската должност, давал лажни податоци за својот имот и не пријавил средства кои во огромни размери ги надминуваат неговите законски приходи.

Врз основа на доказите судијата се товари за две тешки кривични дела: Противправно стекнување и прикривање имот  и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Илјадници евра во соѕидан бункер зад плочки и цигли – Телма со детали како се откриени парите кај судијата Ристов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе