Вести Економија Македонија Топ вести

Данок за УЈП по пет години: Народниот правобранител алармира за правна несигурност, добиле 20 жалби

Данокот за приходите од странство стигнаа и до Народниот правобранител. Од околу 20 тина поплаки кои се поднесени до канцеларијата, најголем дел се токму за УЈП, доставени од лица кои работеле во Авганистан и Ирак. По, добивањето на известувањата од Управата дека треба да платата данок за парите заработени во странство во 2020 година, доста од нив побарале правна помош од правобранителот, пишува во нивниот најнов годишен извештај.

Граѓаните изразуваа револт поради фактот што даночната обврска се однесува на 2020 година, укажувајќи дека поминаа речиси 5 години, во кој период не добиле никакво известување од УЈП, како и дека данокот на личен доход е платен од страна на нивните странски работодавачи, но доказите кои тие ги приложиле, УЈП не им ги прифаќа, пишува во најновиот годишен извештај на Народникот правобранител

За Народниот правобранител дејствието пред истекот на пет години од настанување на обврската за плаќање на данокот за личен доход, во ситуацијата на претходно непреземени никакви дејствија во насока на информираност за нивната обврска претставува повреда на начелата на законитост, ефикасност и правна сигурност.

Ненавременото постапување на УЈП, создава и правна неизвесност кај даночниот обврзник, ја нарушува предвидливоста на управното постапување и претставува неоправдано префрлање на последиците од неактивноста на органот врз странката,пишува во извештајот.

Народниот правобранител бара сите докази доставени од страна на овие граѓани да се разгледаат со должно внимание. Пред неколку дена студенти и граѓани  кои работеле во Авганистан и Ирак излегоа на протест пред канцелариите на УЈП. Велат освен што со години никој за ништо не ги известил , сега од секој даночен службеник добиваат најразлични  насоки што и како треба да направат.

Од УЈП  пак тврдат дека не станува збор за собирање пари, туку за законска обврска која постои и треба да се почитува. Уверуваат дека за сега нема присилна наплата, ниту  пресметување на камати.  Со над 130 студенти се преговара да платата на рати, а за над 250 граѓани преку МНР се бараат докази за данокот дали е платен во земјата каде биле ангажирани.

Според, податоците на УЈП во 2020 година над 8000 граѓани се регистрирани дека имаат приходи остварени во друга држава, а над 300 граѓани поднеле тужба до управата.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе