Вести Економија Македонија Најважни

Мицкоски: Македонската економија три и пол пати подобра од европската

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е задоволен од прометот во индустриското производство кој според него е солиден. Тој потенцира дека во изминатите шест квартали растот на БДП е од 3 проценти, но во време кога растот во ЕУ е 1 процент.

Мицкоски вели дека во минатото македонската економија генерирала раст и од 5 проценти но тогаш и во ЕУ бил толку.

„Имаме три и пол пати поголем раст од просечениот во ЕУ шест квартали по ред и тоа за нас е инспирација дека добро ги тераме работиме – не велам одлично секогаш може подобро но со оглед на ситуацијата добро ги тераме работиме“, вели Мицкоски.

Кај индустриско производство според Мицкоски  има два предизвици едниот е слабата активност на  рудниците.

Но потенцира и дека „има структури во општеството кои би ги затвориле сите рудници  и оние кои работат според сите еколошки стандарди и би ја банкротирале државата, за да добијат грант повеќе“.

„Гледам дека после информациите за стратешкиот рудник за Антимон кој е светски конкурентен се појавија такви одма да критикуваат да добијат грант повеќе и да ја кодошат државата и оваа Влада но овојпат ќе наидат на тврд орев зашто тоа е иднината – ако сакаме да имаме држава“, рече Мицкоски.

Вториот проблем за индустриското производство е енергијата , сектор кој тврди дека полека се стабилизира.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе