Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е задоволен од прометот во индустриското производство кој според него е солиден. Тој потенцира дека во изминатите шест квартали растот на БДП е од 3 проценти, но во време кога растот во ЕУ е 1 процент.
Мицкоски вели дека во минатото македонската економија генерирала раст и од 5 проценти но тогаш и во ЕУ бил толку.
„Имаме три и пол пати поголем раст од просечениот во ЕУ шест квартали по ред и тоа за нас е инспирација дека добро ги тераме работиме – не велам одлично секогаш може подобро но со оглед на ситуацијата добро ги тераме работиме“, вели Мицкоски.
Кај индустриско производство според Мицкоски има два предизвици едниот е слабата активност на рудниците.
Но потенцира и дека „има структури во општеството кои би ги затвориле сите рудници и оние кои работат според сите еколошки стандарди и би ја банкротирале државата, за да добијат грант повеќе“.
„Гледам дека после информациите за стратешкиот рудник за Антимон кој е светски конкурентен се појавија такви одма да критикуваат да добијат грант повеќе и да ја кодошат државата и оваа Влада но овојпат ќе наидат на тврд орев зашто тоа е иднината – ако сакаме да имаме држава“, рече Мицкоски.
Вториот проблем за индустриското производство е енергијата , сектор кој тврди дека полека се стабилизира.
