Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на Израел и Либан денеска ќе одржат разговори, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји. Сепак, официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун, вели еден израелски министер, иако Либан претходно фрли сомнеж врз тврдењето на Доналд Трамп дека лидерите треба да се сретнат.
„Се обидувам да добијам малку простор за дишење меѓу Израел и Либан. Помина долго време откако двајцата лидери разговараа, околу 34 години. Тоа ќе се случи утре. Одлично!“ напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Но во јужен Либан, Израел повторно издаде ново предупредување до жителите за воздушни напади, а и Хезболах вели дека испукал ракети кон Израел. Нападите следат по првите директни дипломатски разговори по децении меѓу Либан и Израел во вторникот во Вашингтон. Хезболах се противи и го засилува оган врз северен Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е „подготвена за секое сценарио“, додека иранската војска се закани со можни напади врз бродскиот сообраќај во Персискиот Залив, Црвеното Море и Оманскиот Залив.
Во меѓувреме, САД информираат дека вратиле 10 бродови во својата поморска блокада на иранските пристаништа. Двонеделното условно примирје меѓу Иран и САД останува на сила до среда 22-ти април.
На разговорите во Исламабад меѓу САД, Иран и медијаторот Пакистан не беше постигнат договор.
Техеран сака „целосен крај на војната, укинување на санкциите и отштета од нападите на САД и Израел врз Иран“. Белата куќа вели дека дискусиите за можна втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран се „тековни“ и „продуктивни“ – но не е потврдено ниту времето ниту местото.
Од почетокот на конфликтот, над 2.000 луѓе загинале во Либан, вклучително и десетици здравствени работници. Повеќе од 1 милион луѓе се раселени.
Либанската влада, која вели дека е посветена на разоружување на Хезболах, повика на директни разговори на почетокот на војната. Минатата недела, Израел објави дека одобрува разговори, но двете страни се чини дека не се на иста страна.
Билјана Ставрова
