Вести Свет Топ вести

Демократите ќе бараат неделни гласања за војната со Иран

Демократите во Сенатот најавија дека ќе иницираат неделни гласања за резолуции поврзани со воените овластувања на претседателот Доналд Трамп, со цел да извршат притисок врз администрацијата за поголема одговорност во конфликтот со Иран.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шимер, операцијата „Епски бес“ ја нарече неуспешна и ги обвини републиканците дека избегнуваат надзор.

Предложените резолуции, доколку бидат усвоени, би го обврзале претседателот да ги прекине воените операции против Иран сè додека Конгресот формално не одобри војна.

Шумер истакна дека републиканците ќе мора да изберат меѓу поддршка на војниците со јасна стратегија или, како што рече, „слепо одобрување“ на политиките на администрацијата.

Од друга страна, мнозинството во Сенатот, смета дека ваквите мерки не се неопходни.

Оценија дека американската воена операција ги постигнала своите цели и изразуваат уверување дека ситуацијата постепено ќе се смирува, особено со напорите да се одржи отворен Ормускиот теснец за меѓународен транспорт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе