Вести Македонија Топ вести

Хаџи-Јанев во Топ Тема: Иран за ова не се подготвувал од вчера туку многу подолго, сега САД се обидуваат да се преориентираат

Од конвенционална војна до пиратски тактики – дали блокадите на Ормускиот теснец се нива фаза од војната на САД и Израел во Иран? Влегува ли Трамп во замката на неговата излезна стратегија? Кој е во тактичка, а кој во стратешка предност?

Иран за ова не се подготвувал од вчера туку многу подолго, рече во вечерашната Топ Тема проф.д-р Методи Хаџи-Јанев.

На прашањето чиј систем ќе се скрши побрзо, рече дека „тоа е многу е тешко, бидејќи ако ги земете бројките и ако видите колку САД можат да издржат, ако видите дека успеа да направи пазар со Путин и да го пасивизира, веќе не ни се зборува во јавноста за Украина, и ако успеат да ја избалансираат Кина без да го искористи патот на силата и секако Кина ова не го прави наивно.

Најмоќната држава на светот, а тоа се САД има проблем а тоа се изборите, има проблем со демократската контрола.

  • „А секако дека Трамп би сакал да ги има сите инструменти на располагање кои што ги има кинескиот претседател па сега водството во САД се обидува да преориентира,“ рече Хаџи-Јанев.

Воено-политичкиот аналитичар Методи Хаџи Јанев, во своето последно гостување, даде длабока анализа за суштинските промени во глобалната моќ, нагласувајќи дека светот се соочува со „тектонски поместувања“ кои го редефинираат начинот на кој се водат модерните конфликти и политичките процеси.

Според Хаџи Јанев, овие промени се случуваат на три клучни нивоа: идеолошко, оперативно и технолошко, што директно влијае врз позицијата на западните сили, предводени од САД.

Хаџи Јанев посочува дека првиот голем пресврт е во идеолошката сфера. Тој забележува сериозен отпор кон досега доминантната глобалистичка и ултра-либерална елита.

  • „Се појавува елита која не се согласува со досегашниот концепт. Овој отпор има два правци: едниот е кај апсолутистичките режими како Кина и Русија, а другиот е во самите демократски системи, предводен од таканаречената десница, која има поинакви видувања за тоа како треба да се управува со светот“, објаснува тој.

Во овој контекст, аналитичарот ја нагласува и внатрешната политичка поделеност во САД, посочувајќи дека претстојните избори и ставовите на републиканското крило околу Доналд Трамп создаваат скептицизам кон одредени воени и надворешно-политички одлуки на тековната администрација.

Вториот аспект на анализата се однесува на оперативниот шифт. Хаџи Јанев истакнува дека земји како Кина, Русија, Иран и Индија успеале вешто да го искористат отворениот пазар и развојот на технологијата за да ги компензираат своите оперативни недостатоци во однос на Западот.

  • „Овие системи успеаја преку дипломатија, економија, дезинформации и дигитални технологии да развијат доктрина која дава сериозни одговори на моќта на САД. Тие користат инструменти на државна моќ за да им пркосат на далеку помоќните системи“, вели Хаџи Јанев.

Најзначајната промена, според аналитичарот, е во начинот на војување. Традиционалниот западен пристап, кој се потпира на доминација во воздушниот простор и маневарско војување, е сериозно предизвикан.

  • „Новите доктрини успеваат да го пасивизираат начинот на војување кој го форсира Западот. Додека Западот се потпира на воздушна доминација и електронско војување, новите играчи на светската сцена развиваат стратегии кои ги неутрализираат овие предности, користејќи ги сите достапни инструменти – од хибридни закани до технолошки иновации“, заклучува тој.

Анализата на Хаџи Јанев укажува на тоа дека светот веќе не е во фаза на потенцијална промена, туку дека „тектонскиот земјотрес“ е во тек, со што се отвора нова ера на неизвесност во меѓународните односи и воените стратегии.


© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе