Товарен брод е погоден со два неидентификувани проектила во Оманскиот залив, соопшти британската агенција за координација на поморската трговија УКМТО.
Веднаш по нападот избил пожар на бродот на кој му помогнал воен брод од Пакистан, наведува УКМТО.
Нападот се случил на околу 112 наутички милји југоисточно од ртот Рас ал Хад во Оман, се додава во објавата на Икс.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
