Вести Свет Топ вести

НАТО одби да учествува во блокадата на Ормускиот теснец

Клучните членки на НАТО одбија да учествуваат во поморската блокада на САД на Ормускиот теснец, со што дополнително се продлабочуваат внатрешните разлики во Алијансата.

Британскиот премиер Кир Стармер порача дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата на Ормускиот теснец.

„Нема да ја поддржиме блокадата. Мојата порака е јасна, без оглед на притисоците, нема да дозволиме да бидеме вовлечени во војната“, изјави Стармер за „Би-Би-Си“.

Став сличен на британскиоит зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција кои исто така одбија да пратат воени бродови во регионот на Блискиот Исток.

Одлуката на НАТО сојузниците доаѓа по неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Пакистан викендот. Американскиот претседател Доналд Трамп потоа наредои блокада на Ормускиот теснец што стапи на сила попладнево во 16 часот по средноевропско време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе