Вести Македонија Топ вести

Уставен ги укина намалените коефициенти на судиите – дали ќе следува автоматско покачување на платите

Уставниот суд ги поништи последните измени на Законот за плати на судиите со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на плати на судиите во три години. Измените беа донесени во февруари, кога собраниското мнозинство преку закон ги намали коефициентите за плати на функционерите, судиите и обвинителите и нивните покачувања, наместо по100 до 200 евра, се покачија по 100 до 200 денари.

Уставниот суд смета дека со честите годишни намалувања на коефициентите на плати на судиите „постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството.“

Уставниот суд поведе постапка по своја иницијатива, бидејќи за претходното ланско намалување на коефициентите му испрати препораки на Собранието како да постапи, но законодавниот дом не ги испочитува и уште еднаш дополнително ги намали коефициентите.

Според едно правно толкување, коефициентите за плати на судиите сега би требало да се пресметуваат по старите одредби од 2025-та, бидејќи актуелните се поништени и не постојат. Постои и друго правно експертско толкување дека со одлука на Уставен суд нема можност да се применува веќе укинато законско решение.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе