Вести Свет Топ вести

Заканите кон Иран се зло и лудило – поранешна сојузничка на Трамп повика на активирање на 25-от амандман

Најновата и вознемирувачка закака на американскиот претседател Доналд Трамп дека „веќерва ќе умре цела една цивилизација“, алудирајќи на Иран, почнува да бележи реакции и осуди во домашната јавност. Меѓу таквите и Марџори Тејлор Грин, поранешна американска конгресменка, која се раздели со Трамп по периодот во кој беше една од неговите најверни сојузници.

„Ниту една бомба не падна на Америка. Не може да убиеме цела цивилизација. Тоа е зло и лудило“, напиша Тејлор Грин на Икс и повика на активирање на 25-от амандман во Уставот на САД, со цел Трамо да се тргне од функцијата претседател.

Претставници на Демократската партија, исто така, во последните денови повикаа на активирање на 25-от амандман. Тие ги осудија заканите на Трамп за уништување на мостови, електрани и цивилна инфраструктура во Иран, што би претставувало воено злосторство.

Дваесет и петтиот амандман на американскиот Устав ги уредува ситуациите во кои претседателот повеќе не е способен за извршување на функцијата – привремено или трајно. Најчесто се споменува делот во кој овозможува потпретседателот, со поддршка на мнозинство на членовите на владата, да ги преземе овластувањата на претседателот, доколку се процени дека тој не е во состојба да ја води држвата.

Конечната одлука, во случај на спор, ја носи Конгресот со двотретинско мнозинство. Повикување на 25-от амандман во политички контекст значи барање за смена на претседателот поради проценка дека е неспособен за извршување на функцијата, што е исклучително редок и политички чувствителен процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе