Вести Свет Топ вести

(Фото) Иран презема „сериозни чекори“ за да го заштити културното наследство

screenshot: AP

И покрај претходно испратено предупредување од УНЕСКО за сите објекти заштитени како културно наследство да не бидат цел на нападите, сепак Иран брои повеќе од 130 оштетени места. Некои се докази за човечко живеење од 63.000 година п.н.е.

 „Ниту една меѓународна институции нема моќ да се спротивстави на непријателите на иранската нација“, вели иранскиот министер за културно наследство Салихи-Амири, загрижен дека вкупно 131 културно место се оштетени, од кои 61 е во Техеран.

Дописот до надлежните меѓународни организации, Обединетите нации, Меѓународен совет на музеи се веќе испратени но, освен што изразиле „емпатија“, тие не направиле ништо понатаму.

Сепак најавува дека Иран ќе преземе „сериозни правни чекори“ за да ги заштити своите културни места, откако израелските и американските бомбардирања оштетија над 100 места низ целата земја.

  • Вкупно 131 од нашите локации се оштетени. Најголемиот дел од штетите е нанесена во Техеран, со 61 оштетено место, вклучувајќи го и нашиот Голестански дворец, кој е светски регистриран локалитет и едно од ремек-делата на иранската архитектура, кое го посетивме денес – Сејед Реза Салехи Амири, ирански министер за културно наследство.

Агенцијата за култура на Обединетите нации во март соопшти дека е оштетен раскошниот Голестански дворец од ерата на Каџарите во Техеран, како и на дворецот Чехел Сотун од 17 век и Масџед-е Џаме – најстарата џамија во земјата, двете во Исфахан.

Исто така, потврдена е штета на зградите во близина на долината Хорамабад, која вклучува пет праисториски пештери и едно карпесто засолниште што дава докази за човечко живеење од 63.000 година п.н.е.

За време на посетата на Голестанскиот дворец, раководителот на музеите Џабар Аваџ рече дека во непријателските напади се оштетини најзначајните делови на Голестанскиот дворец.

 

  • За жал, на 1 март 2026 година, овој комплекс претрпе неколку оштетувања поради непријателските напади. Меѓу најзначајните делови од Голестанскиот дворец кои беа оштетени се Мермерната престолна сала, Огледалната сала, Шамс-Ул-Емаре (Зградата на Сонцето), Дијамантската сала и Зградата на ловецот на ветрови, која во однос на архитектонскиот декор, оваа локација се соочи со многу оштетувања – Џабар Аваџ, директор на Музеите на Голестанскиот дворец.

Комплексот на дворецот од пет хектари вклучува персиска градина, симбол е на архитектонската и уметничката историја на земјата стара речиси 450 години. Под заштита е на УНЕСКО од 2013 година, уште во март организацијата залудно им ги доставил на сите страни во конфликтот географските координати на местата на културно наследството со цел да се избегнат оштетувања.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најголема заплаена на дрога во Австраија од 2,7 тони

Дејан Дејан

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе