Десет илјади луѓе во Македонија живеат со еден од трите типа на карцином – на дојка, на бели дробови и на меланом чиј животен век се продолува. Ова го покажува статистиката на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија презентирана денеска, каде бројките покажуваат дека изминатите 15 години бројот на новорегистрирани пациенти на овие три вида на рак приближно на исто ниво, но оти бројот на пациенти кои се третираат или барем еднаш годишно се јавуваат на Клиниката постојано се зголемува.
„Пред четири – пет години 5.000 пациенти со дијагноза канцер на дојка поминувале годишно на Клиниката, минатата година на пример имаме 7.000. За канцер на бели дробови од 1.200 пациенти во 2020 година, оваа година имаме 1.743 преваленца и за меланомот имаме најдарстично зголемување од некаде 70-80. Од 200 и повеќе пациентиво 2020, оваа година 514 пациетни со малиген меланом кои се третират на Клиниката“, вели проф. д-р Игор Стојков, директор на Клиниката на радиологија и онкологија.
Според Стојков кумулирањето на бројот на пациетни се должи на продолжувањето на третманот на заболените пред се поради поголемо издвојување на средства од страна на државата за онколошки терапии.
За директорт на Фондот за здравство постои јасна поврзаност меѓу продолжувањето на животниот век на заболените од рак и вложуваата во терапијата која тие ја примаат.
„2019 сме издвојувале многу скромни средства од околу 10 милиони евра годишно за Онкологија и од 2019 се случува растот. Конкретно за рак на дојка може да видите дека во 2020 издвојувањата биле 700 евра по пациет, да сега тие стигнат до 2.000 евра по пациент“, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Животниот век на забоелните со рак на дојка, за чиј третман се издовјува околу една третина од вкупниот буџет на Клиниката, е зголемен од пет на седум години, додека кај ракот на белите дробови, кој е многу поагресивен, животниот век е продолжен на над две години, за кои се вложува по 7.600 евра за терапија по пациент. Меланомот кој до неодамна беше еден од најсмртоносните канцери, животниот век на пациентите сега е над три години, со издвојување на терапија за еден пациент во висина од 17.200 евра.
Подобрувањето на состојбата и со терапиите и со нивната ефикансотс како потврда стига и од здруженијата на онколошки пациенти.
„Со зголемувањето на буџетот минатата година, оваа година за одредени лекови 50 проценти, за други лекови 75 проценти на пациенти успеја да стигнат до имунилошка и биолошка терапија. Тоа е за поздрав, што го покажуваат и бројките. Ние имаме една стабилна бројка кај дојки, таа бројка се движи од 800 до 1.000 пациени новодијагностицирани годишно, но бројот на прежиевани пациенти се зголемува и тоа зголемување е особено видливо оваа година, каде што имаме 7.000 пациенти со рак на дојка“, вели Ана Марјановиќ, од здружението „ХЕМО-ОНКО“
Според неа тенденцијата е животниот век на заболените со рак на дојка стигне до 10 години.
Според Марјановиќ во момнетот проблемот на онколошките пациенти не е достапноста и колку пациенти се вклучени со терапијата, туку е превенцијата, скрининг програмите, капацитетите на Клиниката за онкологија и дисперзијата на примање на терапијата во Клиничките болници.
Клековски пак рече дека по решавање на проблемот со обезбедување на терапција, и паралемно на тоа и со подобрување на дијагонстика на заболените со рак, следно на што ќе мора да се работи се скриниг програмите.
„Ние во основа немаме скрининг прогами бидејќи опфатото од пет проценти за рак на дојка не е скрининг. Скрининг е ако имате опфат од 40, 50, 60 проценти“, вели Клековски.
Директор на Онкологија пак најави дека ќе се јакнат амбулантите во Клиничките болници за примање на терапии на онколошки пациенти. Тој денеска ја промовираше и новата метода со радиотерапија во земјава, за пациенти со карцином на мозок, за која досега тие се испраќање на третман во странство.
Тамара Грнчароска
