Вести Најважни Свет

Иран условува за мир, Трамп разгледува промени во кабинетот

Иран јасно ги постави своите услови за прекин на конфликтот со САД и Израел, барајќи траен мир, осуда на агресорот, воени репарации, укинување на санкциите и признавање на правото на мирна нуклеарна енергија. Според дипломатски извори, Техеран не гледа краток прекин на огнот како решение и предупредува дека само целосно прифаќање на неговите услови може да донесе стабилност во регионот.

Контролата на Ормутскиот теснец и ограничувањето на поминување на бродови, кои пренесуваат петтина од светската нафта, го зголемуваат притисокот врз глобалните енергетски пазари.

Паралелно ситуацијата на терен се разгорува откако во јужен Иран беше соборен американскиот борбен авион „F-15 Игл“. Американските информации се дека пилотот е спасен, но офицерот за вооружување се води како исчезнат, а Иран нуди награда за негово пронаоѓање жив.

Можно е војската на Соединетите Американски Држави да промашила еден од најсовремените системи за воздушна одбрана на Иран или можеби Иранците го криеле и го чувале за подоцнежна кампања, а исто така е можно и систем со понизок квалитет да имал среќа додека авионот минувал, вели Арон Меклин, Аналитичар за национална безбедност на CBS News.

Европски контејнерски бродови сега се ретки гости во теснецот, а Иран дозволува поминување само на бродови што ги смета за пријателски и за одредена цена. Ова ја потенцира стратешката важност на теснецот и го нагласува ризикот од понатамошна ескалација.

 Нашата цел во врска со Ормускиот теснец е да се движиме кон одржливо решение со голем број партнери кои се подготвени да одат во теснецот – европски, регионални и нерегионални партнери – кои го почитуваат меѓународното право, со цел следење на почитувањето на слободата на пловидба. Сепак, ова нема да вклучува употреба на сила во Ормускиот теснец, бидејќи веруваме дека ова решение е целосно нереално, вели Паскал Конфавро, портпарол на француското Министерство за надворешни работи.

Меѓувреме, американската администрација се соочува со сопствени предизвици. Претседателот Доналд Трамп размислува за промени во својот кабинет, вклучувајќи потенцијални отпуштања на високи функционери.

Аналитичарите оценуваат дека ваквите потези може да бидат обид за консолидирање на моќта пред продолжување на конфликтот, но исто така создаваат впечаток на нестабилност во врвот на американската влада.

Ситуацијата на Блискиот Исток, во комбинација со дипломатските барања на Техеран и структурните предизвици во администрацијата на Трамп, создава комплексна и непредвидлива динамика.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе