Вести Свет Топ вести

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.

Командантот на мисијата, Рид Вајсмен, направи спектакуларни фотографии од Земјата, прикажувајќи ја како сина планета опкружена со атмосфера и поларни светлини. Една од фотографиите, насловена „Hello, World“, нуди уникатен поглед на Атлантскиот Океан, додека друга ја прикажува границата меѓу денот и ноќта.

Ова е прва мисија со човечки екипаж надвор од орбитата на Земјата по повеќе од пет децении, а „Артемис II“ ќе ја обиколи и темната страна на Месечината пред да се врати на Земјата на 10 април. Од НАСА велат дека мисијата претставува значаен чекор кон идните човечки истражувања на Месечината и подлабоко во вселената.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе