Вести Свет

Кос: Членство на Украина во ЕУ до 2027 година е невозможно

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Украина нема да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година, јави агенцијата Анадолија.

„Мислам дека сите во оваа просторија знаат дека е невозможно Украина да стане членка на ЕУ на 1 јануари 2027 година“, рече таа на настан организиран од „Политико“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше забрзана временска рамка, но Кос нагласи дека процесот за членство во Унијата реално не може да биде врзан за фиксни рокови.

„Можам да разберам зошто претседателот Зеленски го споменуваше тој датум. Тој знае дека во блиска иднина Украина нема да може да стане членка на НАТО, па затоа бара гаранции за безбедност“, додаде таа.

Кос истакна дека процесите на проширување историски биле успешни кога следеле јасен редослед.

„Прво ви е потребен мир. Ова е важно, а потоа треба да ги спроведете реформите. Инвеститорите ќе дојдат во Украина само ако прво можат да заработат пари и ако нивните инвестиции се безбедни“, нагласи еврокомесарката.

Сепак, таа посочи дека актуелната методологија за проширување на ЕУ е дизајнирана за „смирени услови“, каде што земјите кандидатки имаат доволно време за реформи, сугерирајќи дека се потребни приспособувања за да се рефлектира тековната геополитичка реалност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема медицински сестри – Привремено затворен Одделот за имунологија на детската клиника во Скопје

Дејан Дејан

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе