Вести Најважни Свет

Трамп со закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран рано утрово, имплицирајќи понатамошни воени дејствија во актуелниот конфликт, јави ДПА.

-Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска, напиша тој на својата платформа Truth Social.

И покрај претходните коментари што сугерираа дека војната со Иран би можела да заврши наскоро затоа што „практично нема ништо што треба да се напаѓа“, Трамп сега ја нагласи американската воена издржливост: „Имаме неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и многу време“.

Тој повтори дека морнарицата и воздухопловните сили на Иран се уништени и дека неговите ракети, беспилотни летала и други капацитети се уништуваат.

Неговите забелешки дојдоа во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран остануваат високи по серијата напади и контранапади низ Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе