Вести Економија Топ вести

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот.

Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта Брент, која служи како глобален репер, првично скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна се сведе под 78 долари. Цената на нафтата Брент во петокот изнесуваше малку повеќе од 73 долари за барел, пишува Си-Ен-Ен.

Истовремено, берзанските индекси забележаа пад. Фјучерсите за S&P 500, Nasdaq и Dow паднаа за околу еден процент. Од друга страна, фјучерс договорите за нафтени компании како што се Ексон и Шеврон пораснаа за околу два проценти, додека акциите на компаниите од одбранбената индустрија како што се Northrop Grumman и Lockheed Martin регистрираа мал пораст.

Првичниот скок на цените на нафтата, иако остар, беше претежно очекуван и во рамките на проценките на аналитичарите за пазар што беше потресен, но не премногу загрижен. Цените, исто така, се зголемија во очекување на напад врз Иран. Трговците проценуваат дека сегашното нарушување на пазарот ќе биде релативно краткотрајно. Меѓутоа, останува значителна неизвесност околу обемот и времетраењето на војната, за која претседателот Доналд Трамп навести дека може да трае со недели.

Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе