Вести Македонија

Измени во законот за пушење – Терасите ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни

Падна договор по средбата во владата, наместо три отворени страни, терасите да се отворат од две страни за да може да се пушат цигари. Извесено дека барањето за три години одложена примена на законот нема да биде прифатена, а сите измени да важат по една година од стапувањето на сила. Останува целосна забрана за пушење во затворен простор, а министерството за здравство ги разгледува сите други предлози стасани преку системот ЕНЕР. Сите страни се согласни дека ниту еден закон не може да се биде корисен, ако не се спроведува и почитува.

Предлог-законот за заштита од пушење ќе претрпи измени. Една од клучните промени е тоа што терасите наместо од три, ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни. Причината е што голем дел од локалите реално не можат да обезбедат отворање од три страни, што било утврдено и од надлежните институции, по што е одлучено да се пристапи кон измени. Угостителите изминатиот викенд имале нова средба во Владата, на која се разговарало за сите аспекти од нивното работење, вклучително и за користењето на уреди што содржат никотин.

„Категорично беше побарано во деловните простори како што е и стариот закон, во внатрешноста да не се пушат цигари, ајкос, вејп на терасите ќе продолжат да се пушат цигари во истата ситуација како што се терасите сега. Ќе чекаме да не повикаат на финална верзија кога ќе ни кажат колкава ќе биде таа временска инстанца, ние побаравме три години, на состанокот зборевме дека ќе биде година дена максимум, меѓутоа за тоа ќе дадам изјава дополнително. Во оваа фаза може да кажам дека ќе имаме можност на терасите какви што ни се во моментов сега да продолжиме да ги користиме и на нив да се пушат цигари и ќе ни дадат рок до кога ќе треба да ги приспособиме на новиот закон, а тоа е да бидат отворени од минимум две страни и да бидат до 1,40см заградени. Тоа ќе бидат заградени од безбедност од една страна, а од друга страна поради природно проветрување на самата тераса“, изјави Перица Голомеиќ претсетдател на Туристичко-угостителска комора на Македонија.

Угостителите очекуваат промените полесно да се спроведат, но апелираат институциите доследно и неселективно да го применуваат законот.

„Навистина ако не се пуши на ниту една тарса која што не исполнува стандарди тогаш мислам дека ќе биде чесно дека ќе чесно према сите угостители и сите ќе имаат еднакви можности да ги вратат клиентите назад, односно кога некој би правел прекршување во законот, нормално дека би бил повластен во однос на другите. Очекуваме максимална примена на законот и ќе апелирам и пред граѓаните и институциите дека ние како туристичко угостителска комора максимално го поддржуваме законот во неговата крајна цел а тоа е заштита на јавното здравје“, додава Голомеиќ.

Јавната расправа за предлог-законот е завршена, а работната група ги разгледува и анализира сите забелешки и предлози доставени преку ЕНЕР. Конечната верзија ќе оди на усвојување во Владата, а потоа и на гласање во Собранието.

Симона Петровска

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе