Вести Економија Македонија Топ вести

Среда – ден за одлука за функционерските плати

Кој ќе биде за, а кој против. Во среда пред пратениците ќе се најдат коригираните коефициенти со кои  треба да се заобиколи ново сериозно зголемување на функционерските плати. Група пратеници веќе ги поднеле измените во неколку закони со кои се прави нивелирањето.

За да нема нов скок на нивните плати, коефициентот треба да се намали за 9,6 отсто, колку што порасна просечната бруто – плата во 2025 во однос на претходната година, а која е еден од параметрите за пресметка на функционерските примања.

Претходно пак на прашање до Владата дали и оваа година ќе се направи корекција за да нема раст на овие плати од таму одговорија дека оваа година ќе има редовно усогласување на платите согласно законските одредби и стандардот.

Oд ССМ пак пресметаа ако не се интервенира, платите на функционерите од март ќе се зголемат од 200 до 220 евра.

Паралелно тие доставија предлог до Собранието со кое бараат да се намалат нивните плати за 80 отсто за да како што велат самите видат како се живее со минималец, кој веќе година и половина бараат да се зголеми.

Во 2023 година со одлука на Уставен суд функционерските плати пораснаа за 78 отсто. Но веќе следната година пред парламентарните избори тогашната Влада со измени во неколку закони ги намали коефициентите за да нема нов раст. Исто и лани оваа владина гарнитура го направи тоа. одлуката за раст на функционерките плати повлече лавина реакции во јавноста.

Експертите пак прашуваа дали е вистинско време да се донесе ваква одлука за ваков процентуален скок на овие примања,  со кои функционерите добија значително зголемен износ на своите сметки.

Инаку, за да нема раст интервенцијата во коефициентите треба да биде направена овие неколку дена, затоа што треба да почнат пресметките за исплатата на февруарските плати.

Ирена Чачковa

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе