Вести Свет Топ вести

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за заем за Украина и санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат во Брисел денеска за да разговараат за нов заем за Киев и 20-ти пакет санкции кон Русија поради војната во Украина.

Разговорите се одржуваат еден ден пред четвртата годишнина од целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година.

Заемот од 90 милијарди евра (106 милијарди долари) првично беше договорен во декември и беше одобрен од Европскиот парламент.

Финансирањето е наменето за задоволување на финансиските потреби на украинската влада до крајот на 2027 година, овозможувајќи ѝ понатамошен отпор кон Москва.

Сепак, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот објави дека Будимпешта ќе го блокира заемот доколку не продолжи извозот на руска нафта во Унгарија преку нафтоводот „Дружба“.

Секако, правиме сѐ што е во наша моќ да го имаме овој пакет санкции, да го протуркаме и разговарав со земјите-членки кои исто така ќе го покренат ова прашање и ќе ги убедат  земјите што блокираат, а исто така бараме начини како можеме да го направиме тоа, но, како што слушнавме, некои многу силни изјави од Унгарија, затоа навистина не гледам дека ќе го променат ова, за жал денес, овој став што го имаат, реагираше шефицата за европска надворешна политика Каја Калас.

Украински извори велат дека протокот на нафта е прекинат поради руското бомбардирање од крајот на јануари. Унгарија и Словачка, кои исто така продолжуваат да добиваат руска нафта преку гасоводот, го обвинуваат украинското раководство дека намерно го спречуваат продолжувањето на испораките.

Дискусиите веројатно ќе се фокусираат и на 20-тиот пакет санкции врз Русија, вклучувајќи ја и забраната за поморски услуги поврзани со извозот на руска сурова нафта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе