Вести Македонија Топ вести

Малите гибончиња Делфина и Мики во ЗОО Скопје добија плишано орангутанче

Делфина и нејзиното помало братче Мики, двете мали гибончиња во Скопската зоолошка градина, кои беа отфрлени од нивната мајка, добија исто плишано орангутанче како и малиот Панч во Јапонија. Но, нивните животи беа спасени благодарение на љубовта на зоонегувателката Зера и сите вработени.

Таа прва забележа дека мајмунката го фрлила малото гибонче Делфина во езерото, веднаш дотрчала и започнала со реанимација на малото кое се здобило со повреди на главата. Седум месеци потоа целото време го минувала со неа, чувајќи ја и дома. Но, истото се случило и со Мики кој сега не се одвојува од неа.

„После три години истото се случи, меѓутоа во внатрешниот простор, во живеалиштето каде исто така мајката го отфрли и Мики се здоби со епилептични напади со многу тешка повреда, тешки епилептични напади. Меѓутоа, благодарејќи на ветеринарите од Факултетот кои нѝ помогнаа, Мики сега закрепнува“, изјави Зера Беќировска, зоонегувателка.

Тоа што се случи со Панч, малото мајмунче во јапонската зоолошка градина, и Делфина и Мики во скопската, кога беа отфрлени од својата мајка, е нешто што често се случува во природата и го викаме природна селекција, вели Војо Иванов.

„Но, втората причина зошто во зоолошките често се случува е фактот дека голем дел од животните кои што живеат како колекција во градините, се долги години заедно со луѓето и генерациски тој инстинкт да бидат родители се намалува и затоа луѓето мораат повеќе да асистираат во тоа. Сепак, убаво е да го споменеме во оваа прилика фактот дека ние не би сакале да правиме кукли од нашите животни и тие, сепак, треба да останат животни“, вели Војо Иванов, зоонегувател.

Што кога малите како Панч за момент ќе бидат нападнати од другите во групата?

„Не го сфаќајте така, не го рефлектирајте нашето однесување на мајмуните. Кај нив ваквото однесување е нормално, што би рекле народски му покажуваат каде му е местото во таа хиерархија“, додава Иванов. 

Тој апелира дека мајмуните никако не се домашни миленци, бидејќи се јавуваат голем број посетители со идеја да посвојат отфрлено мајмунче.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе