Вести Свет Топ вести

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина е можно да се одржат во рок од три недели

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф најави дека преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели, што, според него, ќе го отвори патот за трилатерален состанок меѓу претседателите на САД, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Виткоф за „Фокс Њуз“ рече дека тој и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, кој е постојан член на делегацијата за мировни разговори за Украина, се надеваат дека ќе „презентираат некои предлози“ на руската и украинската страна што ќе ги зближат во следните три недели.

„И можеби дури и ќе доведат до самит меѓу Зеленски и претседателот Путин, можеби во одреден момент и трилатерален самит со претседателот (на САД), ќе видиме“, рече Виткоф.

Според него, Трамп нема да учествува на трилатералниот состанок ако не е убеден дека тоа ќе доведе до одобрување на договорот и „подобар исход“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе