Четириесет и шест лица се уапсени во синоќешните антивладини протести во Тирана. Судирите меѓу демонстрантите и полицијата започнаа по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша кој на премиерот Еди Рама му порача дека деновите му се одбројани. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехника кон објектот на владата, а на пат кон собранието запалија и многу контејнери. Полицијата возврати со употреба на водени топови и солзавец.
Опозицијата не доби дозвола за одржување на протестот, но сепак го одржа за што беа ангажирани над 1600 полицајци, како и припадници на специјалните полициски единици и Националната гарда.
