Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Ленче Ристоска апсолутно не е во игра за нов државен јавен обвинител

Владата сè уште го нема добиено записникот од Советот на јавни обвинители и  ќе се произнесе откако ќе го добие, ова во интервју за Канал 5 го изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Да зборуваме врз основа на документи и на факти, сепак сум претседател на влада не можам да изнесувам свои лични ставови. Да ги добиеме записниците и тогаш ќе се произнесеме, изјави премиерот. 

    На дополнително прашање дали сите четворица кандидати, вклучително и обвинителката Ленче Ристоска, која своевремено беше дел од згаснатото Специјално јавно обвинителство и која сè уште пред Судот застапува две обвиненија против ексфункционери на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија, Мицкоски вели:

-Апсолутно не се сите во игра. Мојот став поврзан со тоа име е апсолутно дека тоа име не е во игра. Па еве, искатализиравме барем некаков одговор, од четворица, тројца се во игра.

Одлуката на Ристоска да се пријави на огласот за избор на нов државен јавен обвинител се случи во период на нејзин отворен конфликт со премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ристовска му одговори на Мицкоски: Демократијата бара фер критериуми, не селективни одлуки

Или јавно да се извинат или да ги докажат тврдењата, во спротивно ќе следува тужба – Ристоска реагира на притисок и заплашување од ВМРО-ДПМНЕ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе